Хамас ослободи четири женски војници, на слобода се после 476 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хамас ослободи четворица израелски заложници, женски војници и ги предаде на Црвениот крст во замена за 180 палестински затвореници кои се држат во израелските затвори.

Непосредно пред ослободувањето на заложниците, Хамас објави список од 200 палестински затвореници кои Израел ќе ги ослободи, пренесува Ројтерс. Тој исто така најави дека 70 од 200 палестински затвореници што Израел ќе ги ослободи денеска ќе бидат депортирани надвор од Газа и Западниот Брег.

Голем број Палестинци се собраа на плоштадот во градот Газа за да го испратат ослободувањето на заложниците.

Четири возила на Црвениот крст дојдоа во Газа за да ги земат заложниците.

Израелската армија (ИДФ) претходно објави дека ги завршила сите подготовки за враќање на четирите заложници – женски војници – Карине Ариев, Даниела Гилбое, Нама Леви и Лири Албаг, кои беа киднапирани од Хамас за време на нападот на 7 октомври.