Mетеж на Евзони, колони возила за влез во Македонија – слаб снег провејува на Попова Шапка!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во попладневните часови се бележи огромен метеж и долги колони возила на граничниот премин „Евзони“ за влез во Македонија.

Според информациите од терен, патниците чекаат и по еден час.

Зголемениот прилив на возила е поради новогодишните празници и засилени контроли на граничните служби.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви
коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој во моментов не се здржува на коловозот.