ХАОС НА НЕБОТО НАД ЛОНДОН: Авион на „Ер Србија“ не можел да слета поради невреме, и други авиони имаат проблеми (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бурата „Кијара“ која беснее во западниот дел на Европа, го отежнува авиосообраќајот. Така над Лондон се случува драма откако авион на „Ер Србија“ не може да слета поради лошото време. Во одделни делови од Англија дуваат ветрови и до 200 километри на час.

Бројни летови денеска беа откажани, а и други авиони имале проблеми. Откако времето не се стабилизирало, авионот бил пренасочен во Франкфурт каде што слетал.

Не е познато дали ќе има нов обид кон Лондон, или ќе се чека целосно стабилизирање на времето.

Овој авион на Катар, имал неуспешен обид да слета на „Хитроу“ поради ветер.

Погледнете го видеото: