Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок на двете делегации, како и потпишување договори за стратешка соработка, Меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за заштита на животната средина и зелена транзиција на Хрватска.
Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните на Охрид дека во вторник, на 26 мај 2026 година, поради престојот на Премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во Охрид, ќе бидат на сила одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид.
– Станува збор за потегот на булевар „Туристичка“, булевар „Св. Наум Охридски“ и Стар град. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на измените на режимот на сообраќај, потенцираат од СВР Охрид. објавува Журнал.мк
