Брзаат за да го фатат автобусот. Маски носат, но не можат да држат дистанца. Оваа гужва се создава во неколку градски автобуси. Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека комбињата и автобусите функционираа со 75% капацитет, но сепак според снимките можеме да видиме дека има и патници кои стојат. Највозрасните се плашат дека можат да се заразат со Ковид-19. Велат дека мораат да излезат за нивните потреби, но исто така дека има многу малку автобуси.
Состојбата во јавниот превоз веќе неколку дена е иста, а од друга страна се дискутира за бројот на гости во домовите на граѓаните.
Автобусите ги реорганизираа влезовите и излезите на патниците. Но, има автобуси кои го прават тоа на иста врата, бидејќи ги затворија влезните врати, така што возачот е изолиран од патниците. Тв21 достави прашање до ЈСП со каков возен ред возат градските автобуси, но до овие вести одговор не добивме.
