Ова не е протест! Овие граѓани и се собрале пред банка и чекаат по неколку часа за да ги подигнат платежните картички кои ги доделува Владата.
Ситуацијата е ваква откако Владата ги објави имињата на граѓаните кои добиле платежни картички за купување на домашни производи.
Да, се плашиме, имаме маски, сега што и да се случи немаме што да направиме, верувам дека нема вирус овде чекаме 30 минути.
Секако дека се плашам, затоа и држам дистанца.
За што чекате пред банка?
Сакам да ја искористам картичката, видов на интернет сум во списокот и сакам да ја искористам.
Дали се плашите од вирусот?
Не, не се плашам.
Тогаш зошто носите маска?
Онака, да не ме казни полицијата 120 евра. Дојдов да ја земам картичката за да купам некој производ, нешто.
Ние стоиме еден до друг, вака не е добро, дојдов да видам дали ќе ми дадат нешто, бев и вчера но си заминав, овде нема ред.
Од Кризниот штаб Тетово продолжуваат да апелираат до банките да го зголемат бројот на лицата кои одржуваат ред.
„Вчера и денеска е забележана поголема фреквенција на граѓани пред банкарските објекти, поврзано со издавањето на платежните картички. Со цел да се избегне непосакувано сценарио на можно заразување како последица на собирањето на луѓето, апелираме до комерцијалните банки да го зголемат бројот на лицата кои одржуваат ред пред шалтерите, но и надворешните простории пред банкарските објекти.“, велат од Кризниот штаб во Тетово.
Но, пред банките можеше да се забележи обезбедувањето како одржува ред само за влегувањето во банка, а не и за почитувањето на дистанца. Во градот Тетово само во текот на денешниот ден се евидентирани 11 заразени лица со Ковид-19.
