Хаос во поликлиниката Чаир, голем интерес за вакцинација, но не и за децата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем интерес за вакцинација во поликлиниката во Чаир. Гужва од граѓани кои чекаат ред за имунизација. Граѓаните нервозни бидејќи велат дека медицинскиот персонал излегува на пауза а тие чекаат со часови по ходниците.

Пред камерите, медицинскиот персонал ни рече дека работеле без прекин од 8 изутрина, меѓутоа паѓал системот затоа имало толкави гужви. Но не сакаа да дадат изјава за ТВ21 ниту да кажат како тече процесот на имунизација. Во гужвата имаше и неколку деца кои во придружба на родителите дошле за да се вакцинираат, бидејќи од денеска започна вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 18 години.

„Екипата на ТВ21 се наоѓа на пунктот за вакцинација во поликлиниката во Чаир, за да видиме како се одвива имунизацијата на децата со вакцината Фајзер.“, јавува репортерката на ТВ21.

Една госпоѓа ги донела двете деца да се вакцинираат, бидејќи, како што вели сака да ги заштити од корона вирусот, особено во септември кога ќе започне учебната година.

Инаку, до 14 часот се вакцинирале околу 30 деца на поликлиниката во Чаир, а веќе една недела како е започната имунизацијата низ поликлиниките во Скопје.