И покрај специјално изработените брошури и говори кои ги држеше во раце, амеирканскиот претседател Џо Бајден имаше хаотична прва прес-конференција откако е назначен за прв човек на САД.
Повеќе пати во текот на говорот погреши и се збуни, наведуваше многу факти, се губеше во текот на прес-конференцијата, пишува „Дејли Мејл“,
Бајден бил виден како држи еден лист во кој има факти кои треба да ги искаже, но тој направи вистински неред.
Пред себе имаше податок дека САД е на 13. место по развојот на инфраструктурата, а Бајден најпрво кажа дека САД е на 85. позиција во Светот по инфраструктура.
„И натаму мислам дека на големиот број Американци не им се допаѓа фактот што сме на 85. место во светот по инфраструктура. Мислам гледајте…“, рече а потоа појасни:
„Глобално сме на 13. место по инфраструктура“.
После четири минути зборуваше за бранот мигранти на граница:
„И друго што правиме, можам да доддам…“. „Ви давам ли предолго одговор? Можам и пократко ако не сакате детали. Не знам колку детали сакате за миграцијата. Можеби тука ќе сопрам“.
На едно од ливчињата на Бајден пишувало дека „Кина троши три пати повеќе на инфраструктура од САД“, како и „Повеќе од третина на мостовите (250 илјади) во САД е потребна поправка“.
Biden read his answers word for word from his notes.
He knew that her question was going to be about two ballistic missiles. pic.twitter.com/XWy0bkNwZt
— Michael Moore (@mbracemoore) March 25, 2021
