Хероин пронајден во дом во Куманово, приведен 53-годишен маж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Куманово привела 53-годишен жител на градот, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.

Од СВР Куманово информираат дека А.И. бил лишен од слобода на 10 септември во 13:45 часот. Претресот бил извршен по судска наредба, при што бил пронајден и одземен хероин.

Лицето било приведено во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.