За време на терористичкиот напад во Виена, во моментите кога напаѓачите без милост пукаа со калашников кон граѓаните, полицијата но и случајните минувачи станаа херои на трагичниот настан.
Една од полицајките која се соочи со терористите беше Дорунтина Мироци со потекло од Косово. Ова го откри амбасадорот на Косово во Германија кој на социјалните мрежи напиша дека таа е негова внука и дека се гордее со неа.
„Горд на внука ми Дорунтина Мироци која се бореше со австриската полиција против страшните терористички напади во Виена. Заедно сме посилни“, вели Беќ Цуфај.
-Не излегувај! Не излегувај од тука!
Двајца случајни минувачи со турско потекло, ММА борци, станаа херои бидејќи спасија две постари лица и помогнаа на полицијата. Тие му помогнаа на еден повреден старец внесувајќи го во ресторанот, а потоа продолжија со нивната спасувачка мисија. Во целата ситуација еден од нив беше ранет во ногата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се јави на Таипл Ѓултекин о Микаил Озер.
„Продолжете да им помагате на Австријците. Тие може да не не разберат, но ние ги разбираме нив. Ние ги сакаме луѓето создадени од Создателот, независно на која вера или секта и припаѓаат. Доволно е да бидеш човек за да ги сакаш“, им порача Реџеп Таип Ердоган.
И лекарот Бујар Муќоли со потекло од Косово стана херој во терористичкиот напад. Тој беше дежурен лекар кој ги прими и лекуваше повредените кои доаѓаа во клиниката Донаштад.
Министерката за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај Стубла рече дека тројца од полицајците кои завчера им се спротивставија на терористите се Албанци од Косово, кои живеат и работат во Виена.
