Мицкоски: Состојбата со Ива и нејзиниот татко е јасна, таа е политичка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека состојбата со Ива Михајлова и нејзиниот татко Симеон Михајлов е јасна.

Како што вели, таа е политичка.

„Стојбата со Ива и со нејзиниот татко е многу јасна, тоа е политичка. Таму нема никаква врска со било што друго, освен политичка. Татко е правосилно осуден и треба да биде упатен на издражување на затворска казна. Тој има избегано и се наведува дека е кај нашиот источен сосед, го гледавме на телевизија како некоја естрадна ѕвезда, зборува за некакви права и така натаму. А од друга страна, исто така, и на Ива е делот кривично правен настан, односно, како што велите, сообраќајка, со последици смртни. Има процес, и тоа е пред нашите судови“, вели Мицкоски.