Хигиената во Чаир на незадолително ниво, Ганиу ја обвинува ЈП Комунална хигиена и Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мебел, душеци, санитарна опрема, градежен материјал и што уште не. Вака изгледа речиси целата територија на Чаир, каде што има контејнери. Овој отпад овде не стои тука веќе неколку дена, туку со недели. Зошто не се собира отпадот, го прашавме градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. Прстот го впери во Град Скопје и Комунална хигиена.

„Собирањето на отпадот го прави Комунална хигиена и многу ми е жал што имаме ваква слика кај контејнерите. Ова е многу загрижувачки бидејќи може да го загрози здравјето на секој граѓанин. Од дотичната компанија се обидоа деновиве да излезат со малку поголем интензитет, но од работниците и раководителите кои се за Чаир, добив информација дека им недостига механизам да го соберат ова и причината не знам како да ја објаснам.“, рече Ганиу.

Ганиу информираше дека Комунална хигиена ја разгледала можноста за повлекување од сообраќај еден од двата камиона кои сообраќаат во Чаир. За ова општината е должна да склучи договор со друга лиценцирана фирма.

„За ова, разгледуваме со следниот ребаланс на општината, иако граѓаните плаќаат даноци, а тој данок оди во градот Скопје, оди кај таа фирма, но граѓаните не ја добиваат вистинската услуга, со ребалансот на буџетот, разгледуваме да ангажираме уште една компанија која е лиценцирана и како и секој пат, општина Чаир треба двапати да плаќа исти услуги“, вели Ганиу.

Состојбата не е подобра ниту со парковите на оваа општина. Парковите не се одржуваат соодветно, особено меѓу зградите на улицата Архиепископ Доситеј.

Градоначалникот Ганиу вели дека за ова е надлежен градот Скопје, но од таму не одговараат на барањата за одржување.

„Градот Скопје е надлежжна за одржувањето, наводнувањето, додека тој парк не добие свој изглед, верувајте, им се јавуваам, а тие се смеат. Од општината ги молиме да излезат и да го полеваат бидејќи дрвјата почнале да се сушат, велат не, дење не треба, ноќе треба, ноќе не го пуштаат…“, рече Ганиу.

А, за да ја дознаеме причината зошто одржувањето на хигиената и парковите во Чаир не е на ниво, испративме прашања до ЈП„Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Но, никој од нив и по 24 часа не ни одговори. Од „Комунална хигиена“ вчера преку соопштение само соопштија дека отстраниле над 150 кубни метри отпад, вклучително и во општина Чаир. Од таму велат и дека се поднесени пет записи за граѓани кои биле фатени како фрлаат кабаст отпад.