Државниот инспекторат на Хрватска, ги информираше потрошувачите дека хималајската сол Kotanyi 88 грама, спакувана во мелница, со повеќе ЛОТ броеви и датуми на истекување, е повлечена поради идентификуваните пластични честички настанати при мелење сол.
Производот не е во согласност со Регулативата за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Производителот на својата веб-страница објави дека како мерка на претпазливост, а со цел да ги заштити потрошувачите, го повлекува од пазарот производот Kotanyi хималајска сол од 88 грама, мелница, со рок на употреба до 10.02.2030 година, 24.03. 2029, 19 06. 2029 и 11. 11. 2028 година.
Повлечената сол е произведена од KOTANYI GmbH, A-2120 Wolkersdorf, PF 66, Австрија, а известувањето се однесува на ЛОТ броевите 442087, 426651, 429757 и 418800.