Хоџа: Наш мандатар е Заев – Ахмети: Името на кандидатот ќе го имаме на првиот ден од кампањата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Идејата на ДУИ за премиер Албанец е несериозна, бидејќи кандидат нема. Вака рече синоќа во Клик Плус Аријанит Хоџа од Движење Беса. Тој рече дека тоа е само кампања на ДУИ за спас од губење на изборите. Коментирајќи ја фотографијата на ДУИ со празен профил, Хоџа рече дека таму се гледаат само Заев и Мицкоски и дека Заев е нивниот кандидат за премиер.

„Јас имам коалиција со Зоран Заев и вашиот пристап е чисто политички и тоа нема да го дозволам. Ти покажуваш пред јавноста празна фотографија меѓу Заев и Мицкоски и да, меѓу Заев и Мицкоски, Заев е нашиот кандидат за премиер“, истакна Аријанит Хоџа.

„Таа работа е завршена и каде е тука мојата тендеција?“

„Твојата тенденција е да ја импонирате идејата дека треба да зборуваме за непостоечки премиер“.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Клан Косово, рече дека името на кандидатот за премиер Албанец ќе се знае дента кога ќе започне изборната кампања.

„Идејата е кандидатурата да биде над партиска. Има неколку имиња со кои сме во комуникација и не сакам сега да ја објавувам таа работа до објавувањето на кандидатурата“, истакнаАли Ахмети.

Н: Тоа ќе биде на првиот ден од изборната кампања?

„Секако, првиот ден ќе имаме кандидат за премиер“.

Ахмети рече дека процесот на консултации со академиците и граѓанските здруженија за името на кандидатот за премиер Албанец и дека има неколку имиња з кои се консултираат.