Приведени 14 лица затоа што при преглед кај нив е пронајдена дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22/23.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода Ш.Б.(45), С.П.(27), Б.О.(37), А.Т.(29), Л.С.(34), Б.Т.(45), Е.С.(23), сите од Скопје, 14-годишник од скопско, Г.Ч.(33) и Д.А.(19), двајцата од Велес, Н.Ф.(22) од Тетово и А.Ч.(24) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

На 22.10.2026 во 23:20 часот пред угостителски објект на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 22.10.2026 во 03:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(22) од Струмица. При извршен преглед кај него, тој предал две пакувања со хашиш.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.