Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат министрите во Владата од ДУИ и Беса, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.
Тие во студиото се фокусираа кон градот Тетово, каде двете партии се во вториот круг од локалните избори.
Бектеши упати сериозни обвинувања до Алијанса за Албанците, критикувајќи го Арбен Таравари дека ги повикува гласачите на Алијанса да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да дадат поддршка на ДУИ.
Тој вели дека исто така нема ништо против доколку Алтернатива се приклучи на постоечкото владино мнозинство.
На ова реагираше и Хоџа од Беса кој истакна дека Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да ја гласаат кандидатката за градоначалничка Теута Арифи и преку таа „врата“ да влезат во Влада, и Беса, исто така, нема ништо против тоа.
Хоџа напоменува дека не му се лутат на премиерот Зоран Заев за изјавата дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во Тетово, туку граѓаните ќе гласаат по свое убедување.
