Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и одржливиот развој.

Во фокусот на разговорите беа продлабочувањето на институционалното партнерство, реализацијата на заедничките иницијативи и поддршката на Италија во заштитата на природното наследство.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката, со акцент на конкретни активности и проекти од заемен интерес.

Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Италија и ја нагласи подготвеноста на Министерството за понатамошно развивање на партнерските односи.