Хоџа во „10 Минути“: Немам комуникација со АА во врска поддршката на Адили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во меѓувреме, Аријанит Хоџа, чија партија го поддржува Зулфи Адили за кандидат за член на ДИК, вели дека колку што ЕСП има право да предлага кандидати, право на истото има и ДЕП. Според него, партиите од опозицискиот блок кои сакаат да го заземат празното место во ДИК немаат мандати кои ги добиле со нивно самостојно учество на изборите, туку тоа се мандати добиени од коалиции. Хоџа негира дека има договор со АА за поддршка на Зулфи Адили.

„Сите партии кои го сакаат тоа место, во овој конкретен случај таканаречениот опозициски блок, немаат мандати кои ги добиле самостојно на избори, туку мандатите ги добиле коалициите. Тие немаат ниту едно право повеќе од ДЕП бидејќи имаме пратеници во Парламент“, вели Хоџа.

-Дали е ова игра и преку вас се прават напори да се заземе местото во ДИК?

„Јас со голема одговорност можам да кажам дека немам никаква комуникација со АА во врска со предлогот за ДИК“, вели Хоџа.

-Можеби не со АА туку со некоја друга партија?

„Апсолутно не, додека собранието одлучи да ми се обрати како претседател на партијата за тоа прашање, колку што има право опозицискиот блок да предлага кандидат кој го предложиле на иста форма како јас, толку и јас имам право како политичка партија“, додава Хоџа.