Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа денеска на прес-конференција од Владата истакна дека случајот со загадувањето на водата во Гостивар е „сериозен инцидент кој го загрози здравјето на илјадници граѓани“.
Тој очекува целосно да се утврдат сите факти и околности и да се утврди кривична и морална одговорност, и кажа дека снабдувањето на водата за пиење и одржувањето на системите за водоснабдување се надлежност на општините и јавните претпријатија.
„Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија. Локалната самоуправа е прва линија на одговорност за безбедно функционирање на овие системи, како и за воспоставување и заштита на санитарните заштитни зони околу изворот на вода“, рече Хоџа.
