Мерц планира да ја предложи Илзе Ајгнер за прва жена претседателка на Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека денеска ќе ја предложи Илзе Ајгнер, претседателка на Парламентот на Баварија, за кандидатка за претседателка на Германија, објави германската новинска агенција ДПА.

Мерц најпрво ќе го претстави предлогот пред раководството на неговата партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Инаку, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која ќе учествува во процесот на избор на новиот претседател на државата, неодамна изјави дека дошло време Германија да ја добие својата прва жена претседателка.