Хорор на ЕВРО 2024: Навивач падна од трибините, итно хоспитализиран во тешка состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На натпреварот помеѓу Полска и Австрија на ЕВРО 2024 кој се играше во Берлин, медицинските лица имаа „полни раце“ работа.

Како пренесуваат медиумите во Германија, еден навивач на Полска завршил во болница затоа што паднал од трибината, и тоа од три метри височина.

Портпадолот на итната служба потврди дека несреќниот навивач паднал од трибините и дека му е укажана итна медицинска помош. Тој заработил неколку повреди, бил кратко и без свест, и веднаш е пренесен во болница каде што е задржан.