Хорор во Сараево: Во река пронајдени безживотни тела на жена и дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во БИХ објави дека синоќа во САраево во реката Миљацка, пронајдени се две безживотни тела.

„Ноќеска пред полноќ полициската станица Стари Град прими пријава дека во Миљацка во коритото е воочено тело. Патролата која излегла на терен ги потврдила наводите од пријавата. На теренот се упатени припадници на полиција, пожарникари, итна помош. Во 1:30 часот извадено е тело на жена во средна животна доба, а покрај неа, и тело на дете до четири години“, соопштија од полицијата.

Лекарите само можеле да констатираат смрт на двете лица. Дел од медиумите пишуваат дека на двете тела немало траги на насилство.