Тинејџерка (16) денеска нешто по 14 часот е убиена во белградско Рипње. Сторителот по убиството побегнал од местото на злосторството, а на полицијата и се предал околу 15.30 часот.
Како што јавуваат тамошните медиуми, станува збор за 38-годишниот Стојан И., кој упаднал во куќата на семејството на тинејџерка, ги избодел мајка и, баба и вујко, а на километар од куќата ја киднапирал и убил девојката. Се сомнева дека и ја силувал. Осомничениот досега бил пријавуван во полиција 20 пати.
Медиумите јавуваат дека, според неофицијални информации, маж влегол во куќата и со нож го нападнал целото семејство.
Тврдел дека му „фрлиле црна магија“. Во таа прилика во автомобилот ставил девојка, а откако ја убил, телото го фрлил во близина на кланицата во Рипње.
Лекарите се борат за животот на нејзината мајка, баба и вујко. Семејството има пет деца, во куќата живеат со мајка им, вујко и родителите на мајката.
