Овен (21.3 – 20.4)
Конјункцијата на Меркур и вашиот владетел Марс во куќата на кариерата, пред пладне, може да донесе расправии со машки авторитети и застој во приватниот бизнис. Навечер, Младата Месечина ве охрабрува да преземете иницијатива, но внимателно одберете ја насоката.
Бик (21.4 – 21.5)
Конјункцијата на Меркур и Марс во деветтата куќа носи успех во правни прашања, на испити, патувања, како и можност за нова љубов. Младата Месечина навечер ве поттикнува да донесете важна одлука поврзана со образование, правни процеси или странство.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Марс и вашиот владетел Меркур во куќата на финансиите носат добивки преку поделба на имот, пензија, алиментација или стипендија. Младата Месечина навечер отвора простор за важни финансиски одлуки.
Рак (22.6 – 22.7)
Нагласената куќа на партнерствата, со утринската конјункција на Меркур и Марс, предупредува на можни конфликти со саканата личност, особено кај жените. Младата Месечина навечер носи значајна емотивна одлука.
Лав (23.7 – 22.8)
Конјункцијата на Меркур и Марс во куќата на работата ве насочува кон секојдневните обврски. Навечер, Младата Месечина отвора можност за промена на деловната насока и воведување поздрави работни навики.
Девица (23.8 – 22.9)
Вашиот владетел Меркур, во врска со Марс во куќата на креативноста и љубовта, носи успех во приватниот бизнис и јавните настапи. Младата Месечина навечер им дава шанса на слободните за нова љубовна средба.
Вага (23.9 – 22.10)
Конјункцијата на Меркур и Марс во куќата на домот носи расправии и недоразбирања во семејството. Навечер, Младата Месечина може да донесе тензии со родители, претпоставени или институции.
Скорпија (23.10 – 22.11)
Утринската конјункција на вашиот владетел Марс со Меркур во куќата на комуникациите носи поволен договор, нова соработка или запишување курс. Младата Месечина носи поддршка од влијателни личности.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Конјункцијата на Марс и Меркур може да донесе финансиски тензии и конфликти со партнери или претпоставени. Сепак, Младата Месечина во куќата на парите отвора можност за започнување профитабилен проект.
Јарец (22.12 – 20.1)
Конјункцијата на Меркур и Марс во вашиот знак, во хармонија со Уран, носи оригинални деловни идеи и успех во приватниот бизнис или ИТ-секторот. Младата Месечина најавува нова, профитабилна работа.
Водолија (21.1 – 19.2)
Конјункцијата на Марс и Меркур во куќата на потсвеста ја засилува интуицијата, но и потребата за повлекување. Младата Месечина, во тригон со Уран, носи добивки преку приватен бизнис или недвижен имот.
Риби (20.2 – 20.3)
Конјункцијата на Меркур и Марс во 11-та куќа носи зголемена социјална активност, дружење и можен општествен или политички ангажман. Младата Месечина навечер носи нови пријателства и финансиски придобивки преку споредна активност.
