Хоспитализиран поранешниот премиер на Норвешка – претрпел стрес поради Епштајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд (75) е хоспитализиран во болница. Ова го потврди неговиот адвокат Андерс Бросвет, кој тврди дека хоспитализацијата е резултат на стресот на кој бил изложен Јагланд по откритијата за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Бросвет, исто така, ги негираше медиумските извештаи, вклучително и оние објавени од порталите „Инихетер“ и „Финансависен“, дека Јагланд се обидел да си го одземе животот.

Кон крајот на јануари, беше откриено дека Јагланд имал многу пообемни контакти со Епштајн отколку што претходно тврдел. Нивната соработка се одвивала преку размена на бројни пораки и повеќекратни средби помеѓу 2011 и 2019 година. Во тој период, Јагланд бил генерален секретар на Советот на Европа и претседател на Норвешкиот Нобелов комитет, кој ја доделува Нобеловата награда за мир.