Хрватска, БиХ и Црна Гора повторно имаат струја, објавена е причината за прекинот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси цела Хрватска остана без струја денеска околу 12:25 часот, како и делови од Славонија. Струјата исчезнала и во делови од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Струјата почна да се враќа околу 13 часот и 30 минути, прво во Хрватска, а потоа и во другите земји.

Денешниот дефект на електричната мрежа се случи во четири земји – прво почна во Албанија, потоа прекинот на струја ги зафати Црна Гора и Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација.

Како што рече на прес-конференцијата Данко Блажевиќ од Хрватскиот преносен систем-оператор, според првичните информации, се започнало со прекин на далноводот меѓу Грција и Албанија: „Потоа се нарушија протоките“.

Црногорскиот министер за енергетика изјави дека прекинот е предизвикан од наглото зголемување на потрошувачката на струја предизвикано од високите температури, но и од самата топлина.

Поради прекините на струја низ градовите, имаше неподнослив сообраќаен метеж на патиштата, не работеа семафорите, а поради надворешните температури од плус 40, некои во становите измерија и десет степени повисоки температури.