Хрватскиот завод за јавно здравје, донело предлог според кој заразените од ковид-19 со благи симптоми ќе може да се движат, односно ќе нема задолжителна изолација. Според таа препорака, позитивните ќе можат да излегуваат од дома, но со задолжително носење на ФФП2 заштитна маска.
Овој предлог во моментов е на расправа, а се расправа и за предлог задолжително носење маски во затворени простории.
„Високиот број на позитивни тестови ни зборува дека бројот на заразени оди наоколу. Многу луѓе се тестираат со брз антигенски тест дома, па доколку имаат благи симптоми одат надвор. Ако им кажеме дека не мораат во изолација, туку можат да шетаат но со задолжително носење на ФФП2 маска, се надеваме дека ќе го почитуваат тоа“, изјави Бернард Каиќ, водечки хрватски епидемиолог.
