Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1413 нови случаи на Ковид-19. Со тоа бројот на активни случаи во оваа земја изнесува 11.311 лица, извести Националниот тим за цивилна заштита.
Меѓу нив 897 лица се на болничко лекување. На респиратор се 57 лица.
Во последните 24 часа починаа 18 лица, што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на епидемијата.
Во самоизолација во моментов во Хрватска се наоѓаат 27.720 лица. Во последните 24 часа биле направени 8185 тестирања.
