Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, објасни нови мерки кои ги превзеде таа земја како дополнителна заштита од коронавирусот.
Една од нив е мерката за поголема контрола на границите. Исто така сите кои доаѓаат од ризичните подрачјата од Италија, ќе мора да минат во карантин. Што ќе се случи доколку некој одбие?
„Со оглед дека неколку стотици па и илјади туристи од Италија доаѓаат во Хрватска, секој ќе мора да мине низ карантин. Доколку не сака, тогаш ќе мора да се врати во Италија. Сите оние кои на еден ден одат во Италија, или шофери на камиони и автобуси, по враќањето ќе мора да бидат во домашна изолација“, вели Божиновиќ.
