Здружението „Надеж“, кое ги поддржува родителите и децата со развојни потешкотии, организираше хуманитарен концерт посветен на децата во потреба. Настанот имаше за цел да донесе насмевка и поддршка за оние што се соочуваат со секојдневни предизвици.
„Се надевам дека сите се задоволни, затоа што имаме многу убав програм од најмала до средна возраст. Сакавме да направиме нешто поинакво за градот. Целта е да им помогнеме, да ги изведеме децата, да ги прошетаме – бевме во Србија, Албанија и сите градови низ нашата држава.“, вели Алексо Тришовски.
Членот на здружението, Славе Србаковски, рече дека се продадени повеќе од 650 билети по 100 денари, а собраните средства ќе се искористат за активности за децата со посебни потреби.
„Продадовме околу 650 билети и мислам дека луѓето се многу задоволни од сите нас – учесниците и организаторите. Средствата собрани од овој концерт ќе се искористат за децата, за различни активности.“, изјави Србаковски.
Присутните уживаа во музика, позитивна атмосфера и хуманост. Здружението им се заблагодари на сите што придонесоа, истакнувајќи дека солидарноста и човечноста се силите што внесуваат надеж кај децата и нивните семејства.
