Алијанса за Албанците одлучна дека нема да го поддржи Законот за легализација на марихуаната. Бујаре Абази од партијата, со кус одговор:
„Не, ние изјавивме неколку пати дека не поддржуваме таков Закон.“, вели Абази.
И од Алтернатива пред два дена изјавија дека нивната коалиција нема да поддржи ваков закон.
„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, нема да подржи таква идеја за легализација на наркотици и нема да гласи таков закон, бидејќи нашата дилема е дали на Премиерот Заев по битна му е семејната економија или државната економија?“, велат Алтернатива.
Дали ние како општество и како држава сме подготвени да гласаме таков закон, кој би ја легализирала употребата на наркотици од граѓаните?
Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, во „Клик Плус“ не даде конкретен одговор дали ќе дадат поддршка за законот.
„Јас не зборувам во име на мнозинството, туку во мое име. Јас како Билал Касами сметам дека Македонија нема можност да го легализира канабисот за да има економски придобивки, а да нема социјална штета.“, изјави Касами.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, исто така во дебатниот магазин „Клик Плус“, рече дека во нашата земја се уште не се создаде услови за легализација и лична употреба на марихуана.
„Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба.“, вели Џафери.
Премиерот со дециден став. Вели дека не е во ред некој да оди во затвор поради тоа што користел половина грам канабис за рекреативна употреба.
Заев како пример ги наведе Канада, Чешка и Холандија, кои според него, заработуваат над 55 милијарди долари од индустријата на канабисот.
