На електронските адреси на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставени бомби.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
Засега не се откриваат за кои училишта станува збор. Во изминатите денови имаше многу дојави за бомби во скопски училишта, и на крајот сите се покажаа дека се лажни.
