И денеска во Куманово е тивко – „Задоцнето е известувањето и опасно за граѓаните“, вели Муадини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И денеска е тивко во Куманово. Полицискиот час од 24 часа ги завори граѓаните дома. Низ улиците можат да се видат само полициски возила. Секој друг автомобил кој се движи се проверува од полицијата. Осама Муадини, советник во општина Куманово, вели дела одлуката на владата била скандалозна бидејќи за истата граѓаните биле информирани многу доцна. Муадини вели дека во петокот попладне граѓаните ги преплавиле маркетите и пекарите при што не се почитувале мерките за растојание.

Од МВР преку соопштение известија дека Куманово во петокот имало 14 нарушувања на полицискиот час.

Апелот на МВР е граѓаните да ја почитуваат мерката за забрана на движењето. За граѓаните кои нема да ја почитуваат оваа мерка ќе има санкции согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Полицискиот час во Куманово започна од петокот и ќе трае до утре до 05:00 часот изутрина.