Ова е Душанка од селото Радибуш, општина Ранковце. Таа се грижи за својот 27-годишен син кој е лице со посебни потреби. Не може да работи, а неговата мајка вели дека е и маж, и жена од 2010, кога починал нејзиниот сопруг.
Ова двочлено семејство живее во стара куќа, без елементарни услови за живот, без тоалет, без вода во внатрешноста. Честопати мака мачат и околу набавката на храна.
И како да не им се доволни сите овие проблеми, на синот на Душанка му го укинале додатокот што го земал.
И дотраената куќа во која живее семејството не е нивна, туку се под кирија која ја плаќаат 500 денари месечно. Душанка вели дека сопругот ѝ рекол што поскоро да ја напушти оваа куќа, но таа стравува дека ако си замине ќе остане и без ова засолниште. Месецот го минуваат со само 6.000 денари социјална помош.
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
071-859-225
