Кучињата на претседателот на САД, Џо Бајден, пристигнаа во Белата куќа и со тоа ја обновија долгата традиција на живеење на домашни миленици во оваа можеби најважна „куќа“ на светот.
Доналд Трамп беше првиот претседател во повеќе од 100 години кој немаше милениче.
Бајден има двајца германски овчари, Чемп и Мајор, и тие им се придружија на претседателот и првата дама за време на преселбата во Белата куќа, пишува Би-Би-Си.
Овие кучиња веќе имаат многу обожаватели, а нивниот официјален профил на Твитер има десетици илјади следбеници.
„Чемпион ужива во својот нов кревет покрај каминот, а Мејџор обожава да трча по јужниот тревник“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Мејџор ќе влезе во историјата како прво куче спасено од азил, кое заврши во Белата куќа.
