И натаму расте бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мјанмар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 3.600 додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да пребаруваат низ урнатините.

Ова синоќа го соопшти Информативниот тим на Советот на државната администрација во Мјанмар. Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар на 28 март. Во земјотресот повредени се 5.017 лица, а 160 лица се водат како исчезнати.

Новинската агенција Ксинхуа известува дека хуманитарните напори во регионот Сагаинг наишле на значителни пречки, првенствено затоа што операциите за пребарување и спасување не би можеле да напредуваат без одобрение од воениот режим на Мјанмар.