Полицијата мораше да употреби солзавец доцна вечерта во средата за да растера стотици демонстранти во Тирана, кои протестираа против убиството на млад човек, од страна на полицијата, за кој властите рекоа дека го прекршил полицискиот час во текот на ноќта воведен за запирање на ширењето на коронавирусот.
25-годишен маж идентификуван од албанските медиуми како Клодијан Раша бил убиен рано во вторникот, по она што полицијата го опиша како прекумерна употреба на сила од страна на еден полицаец.
Полицијата прво соопшти дека Раша не ја послушал наредбата на полицаецот да застане и дека носел оружје. Но, подоцна во полициското соопштение беше соопштено дека човекот држел предмет, но не и оружје, како што првично беше соопштено. Полицаецот кој наводно го убил човекот е уапсен, а започната е и истрага за случајот.
Демонстрантите кои бараа оставка од министерот за внатрешни работи фрлаа предмети кон министерството и ги запалија новогодишни елки. Полицијата користеше солзавец за да ја растера толпата.
Според првичните pовредени најмалку десетина полициски службеници, предизвикана е и материјална штета на владиниот објект, на Министерството за внатрешни работи, оштетени полициски возила, уништен дел од новогодишното украсување, запалени новогодишни елки, запалени контејнери .
Простестот го организираа граѓаните преку социјалните мрежи под мотото „И ние сме Клодијан“.
Протести имаше и во други градови, Ѓирокастро, Валона, Драч.
Инаку, владата во Албанија воведе различни мерки, вклучително и полициски час, за да се спречи зголемувањето на бројот на инфекции со КОВИД-19.
