И ова лето нема свадби на затворено, сопствениците на рестораните не ги откажуваат свадбите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Свадбите што се закажани во затворени локали за ова лето ќе треба да се откажат. Министерот за здравство Венко Филипче не дава надеж за давање дозвола за одржување масовни настани на затворено. Имајќи ја предвид поволната состојба со Ковид 19, ТВ21 го праша министерот Филипче дали од 1 јули се очекува дополнително ублажување на анти ковид мерките, односно протоколите, а ова е неговиот одговор.

Оваа изјава не им одговара на сопствениците на ресторани кои веќе имаат закажани датуми за свадби. Љуљзим Хасани одлуката на властите ја оценува како дисриминирачка. Тој вели дека Здружението на гастрономи му испратило отворено писмо на министерот Филипче и министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена. Доколку не им дозволат организирање свадби, тие нема да ги прашаат.

„Барањето што го испративме до МЗ и Министерството за економија за да ни го дозволат истиот протокол бидејќи од сите клиенти кои имаат закажано свадба, се уште никој нема откажано, на праг на сезоната сме и уште еднаш апелираме до МЗ и Комисијата за заразни болести да нè имаат предвид  бидејќи ние немаме друг излез.“, вели Хасани.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети зборува со оптимизам за состојбата со Ковид 19. Тој вели дека не се очекува пораст на бројот на заразени на дневно ниво додавајќи дека одлуките за мерките ги носи Комисијата за заразни болести.

Состојбата во Северна Македонија и во регионот пошироко, имаме пад на позитивните случаи со Ковид 19, сигурно подразбира и намалување на смртноста, во однос на неколкуте случаи кои се пријавуваат со доцнење. Лекувањето на пациентите со Ковид 19, хроничните случаи во болнички услови е 20 дена. Се почитуваат превентивните мерки против Ковид 19, спроведуваме масивна вакцинација на граѓаните и се надеваме дека во овој период нема да имаме пораст на позитивни случаи. Останува препораката за почитување на мерките“, вели Мемети.

Потсетуваме дека со ублажување на мерките, организирањето свадби е со максимум 1000 гости на отворено. Во понеделник ќе одржи состанок Комисијата за заразни болести за да оценат дали има потреба од измена на актуелните мерки.