И по два месеци, училиштето не е готово – основците во Чашка започнаа со настава во просториите на џамијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Ајде Ајрулах продолжи“.

Учениците од прво и второ одделение учат читање и правопис на албански јазик.

За учениците од прво одделение денеска е првиот ден од учебната година, додека за оние од второ одделение ќе биде малку потешко бидејќи во прво одделение учеле на македонски јазик. Просторот што го гледате не е во училишна зграда, туку во просторија на селската џамија во Бањица, која селаните донекаде ја приспособиле, за нивните деца да не останат без настава. Овие студени денови не се лесни за учениците, бидејќи простоијата нема под и е студено.

„Во вакви услови основците од село Бањица општина Чашка, Велес, следат настава. Тие одржуваат настава во просториијата на џамијата бидејќи во училиштето „Тодор Јанев“ не им се дозволува да учат на албански јазик, туку само на македонски. Родителите се обврзани да ги носат тука децата и покрај тоа што нема услови за настава. Како што гледате вратата нема стакло, нема светло, нема струја, ниту греење. Но што да прават! Друго решение немаат!“, вели репортерот на ТВ21.

Освен децата, тешко е и за родителите. Тие се чувствуваат дикриминирани бидејќи во „Тодор Јанев“ не им се дозволува да учат на нивниот мајчин јазик.

„Тешко е чувството, но моравме да ги носиме тука бидејќи немавме друга опција. Кај училиштето каде учеа досега, Тодор Јанев, во Чашка, под никакви услови не дозволуваат да се учи на албански јазик и сме обврзани да ги носиме тука. Просторијата се уште не е уредена, нема ни врата ни нитшо, студено е, но сме обврзани за да следат настава и да не заостануваат“, вели Јусуф Кадриу.

Детото на Јусуф, во прво одделение следеше на македонски јазик и сега му е тешко да се адаптира на албанскиот јазик.

„Еден ден работев на нива со синот кој учел на македонски јазк, му реков да ја напише буквата С(Ѕ) на албански јазик, што е всушност Ц со латинско писмо, а С на македонски јазик“, вели .

Наставните часови ги одржува наставникот Бесмир Џафери. Вели дека ваквиот начин на одржување настава е задолжително, додека да заврши изградбата на модуларното училиште „Дитуриа“.

„Да, денеска почнавме, прв училишен ден, за нас значи прв училишен ден при што годинава имаме комбинирана настава, прво и второ одделение, каде имаме десет ученици. Седум второ одделение и три првачиња. Чекаме да се изгради новиот објект нешто што беше ветено од МОН дека ќе се изгради за 2 месеци и ќе бидеме во новиот објект каде ќе биде училиштето Дитуриа и по 2 месеци ќе бидеме во тоа училиште“, вели Бесмир Џафери.

Отидовме да видиме одблиску до каде се работите за изградбата на новото училиште во Бањица, училиште за кое министерката за образование, Весна Јаневска, вети дека ќе биде во функција за 2 месеци и таму ќе следат настава учениците до петто одделение. За жал, состојбата на терен беше иста. Има само бетонска плоча која е поставена уште во пролет. Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, пред неколку недели извести дека МОН за трајно решение на овој проблем предвидело изградба на ново деветодделенско училиште каде ќе се учи само на албански јазик.