И покрај коронавирусот, се отвори најпознатиот фестивал на мраз во Кина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осветлени ледени кули и кристални палати направени од огромни блокови мраз и огромни лавиринти од снег ги пречекуваат посетителите на кинескиот годишен фестивал на мраз во Харбин.

Волшебните сцени привлекуваат милиони посетители секоја година во градот на северо-истокот од земјата, кој го отвори зимскиот фестивал во вторникот и покрај повторното појавување на жариштата со мал број на коронавирус инфекции во неколку делови на Кина.

Подготовките за фестивалот започнаа неколку недели порано и работниците ископаа милиони кубни метри мраз од површината на реката Сонгхуа.

Коцка мраз обликувана во голем цвет беше осветлена во вторникот вечерта, означувајќи го отворањето на фестивалот.

Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година инспирираа за промоција на зимските спортови и туризмот низ Кина, а бројот на кинески зимски одморалишта се зголеми за четири пати во изминатата деценија.

Кина во голема мерка ја стави под контрола епидемијата на коронавирус, почнаа да се отвораат места за забава и културни настани, а животот се врати во нормала во последните месеци.

Како мерка на претпазливост, посетителите на фестивалот годинава мора да го покажат „здравствениот код“ на апликацијата за следење на контактите на луѓето кои страдаат од ковид-19, а нивната температура ќе се мери пред да влезат на фестивалот.