И во салата „Борис Трајковски“ ќе се спроведува масовната вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покрај здравствените домови, Министерството за здравство размислува во спортската сала „Борис Трајковски“ да се спроведува масовната вакцинација откако ќе пристигнат вакцините.

„Освен системот кој планираме вакинацијата да се спроверуда преку здравствените домови, планирам планираме уште еден објект, најверојатно салата Борис Трајковски, каде што на повеќе пунктови на едно место ќе се спроведува масовната вакцинација“, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Телма.

До крајот на март се очекува во земјава да пристигна и втората пратка на вакцини од Русија, Спутник В со што ќе се обезбедат вакцини за ревакцинација на 3000-те медицински работници кои веќе ја примија првата доза.