И Вучиќ даде коментар: „Го замолив Пендаровски да не зборува за Косово и Србија, но не ме послуша за да им се умилкува на Германците“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После изјавата на министерот за одбрана Александар Вулин кој на Стево Пендаровски му порача да „молчи на јазикот кој не му го признава никој, освен Србија“ за прашањето на Косово и Србија, со коментар денеска и претседателот Александар Вучиќ.

Тој во изјава за телевизија „Прва“ рече дека уште одамна го замолил претседателот Стево Пендаровски да не зборува за темата Косово и Србија, но тој не го послушал.

„Србија се наоѓа во многу неедноставно опкружување. Единствена работа која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше да не зборува за темата Косово и Србија. Тие нормално, спротивно од тие молби направија сѐ да се истакнат во тоа умилкување кон Германија“, рече Вучиќ за „Прва“ и додаде дека му е јасен ставот Северна Македонија да ја признае независноста на Косово.