Зеќирија Ибрахими, секретар во Алтернатива, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ја потврди информацијата дека деновиве имало средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на Алтернатива, Африм Гаши.
На истата, според Ибрахими, се отворило како прашање дека можно е да нема мнозинство во Собрание, затоа е потребно да се прошири коалицијата и со Алијанса за Албанците.
„Ние кога станавме дел од оваа Влада потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“, вели Ибрахими.
Покрај Ибрахими, во дебатата учествуваат и политичките аналитичари Алберт Муслиу и Ибрахим Мехмети.
