Златан Ибрахимовиќ е познат по своите необични изјави, а тоа го покажа и вечерва на Санремо.
Тој најпрво беше пречекан со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, песна со која славеше триумф пред неколку недели.
Потоа разговараше со водителот.
Ибрахимовиќ: Добро вечер Италија, чест му е што сум тука, но и голема чест. Ова се моите правила. Ќе бидат 22 пејачи, 11 против 11.
Водител: Но, Златан, тука се 27 пејачи.
Ибрахимовиќ: Продајте ги тогаш. Слушам дека на Ливерпул им требаат играчи.
Водител: Но, не можам да ги продадам на Ливерпул.
Ибрахимовиќ: Во тој случај дајте ми ги мене, ќе работат во мојата градина.
Ибра во четврток во ревијалниот дел на фестивалот ќе пее заедно со Синиша Михајловиќ.
NADA TOPČAGIĆ ZLATAN IBRAHIMOVIC – JUTRO JE – SAN REMO 2021 IDEMOOO pic.twitter.com/jt3jQ3zEx3
— ULIČNI KREDIBILITET (@venenozan7) March 2, 2021
