Наместо да се во училница, учениците од основното училиште „Његош“ во Идризово продолжуваат со протести пред училишниот објект. Тие не се откажуваат од нивните барања за отворање на една паралелка на албански јазик, бидејќи многу им е тешко да учат на македонски јазик.
„Овде не отвораат паралелка, треба да учиме на македонски јазик, но не сакаме на македонски јазик, сакаме да отвораат тука паралелка на албански јазик“.
„Сакам да се отвори овде паралелка на албански јазик бидејќи сега сум 5-то одделение, а каде ќе учам кога ќе бидам 6-то одделение?“
Кога ќе бидете 6-то одделение ќе траба да учите на македонски?
„Да, јас овде немам каде да учам, а мал сум и не можам да одам до Огњанци“.
Родителите велат дека во училиштето има доволно место за да се отвораат паралелки на албански јазик и нема потреба децата да одат на други училишта.
„Ние бараме тука да отвораат училиште, сакаме наше училиште, нашите деца по 5-то одделение немаат каде да учат, ги праќаме или во Скопје или во Огњанци, и во Огњанци нема многу, ќе ги избркаат и од таму! Така да нашите деца немаат каде да учат, а тука имаме училиште. Наутро учат на македонски, а попладне е слободно“, вели Бедри Адеми.
„Неопходно е да се отвори училиште, овие велат не овде, нема место. Има доста место, нема волја за да отвораат училиште, тоа е проблемот. Не им се допаѓа нашиот мајчин јазик да се учи тука“, вели Исмет Етеми.
Министерот за образование, Јетон Шаќири, за тв21 изјави дека чека градоначалникот на општина Гази Баба да предложи решение.
„Учениците од ООУ “Његош” не треба ниту еден ден повеќе да губат настава. Побарав од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, да најде привремено решение. Како Министерство за образование и наука активно ќе придонесеме во реализација на истото, а паралелно со тоа ќе започне и процедурата за изградба нов училишен објект во Идризово. Ќе чекаме предлог решение од Градоначалникот на општина Гази Баба кое ќе значи продолжување на наставата во просториите на ОУ “Његош”. Како министер сум секогаш на страната на учениците бидејќи тоа им е загарантирано уставно право“, порача Јетон Шаќири.
Но градоначалникот на о. Гази Баба пред неколку дена изјави дека училиштето не ги исполнува условите и дека таму се работи на две смени со полн капацитет до 16 часот. Во врска со ова, тој чека Министерството за транспорт и врска да му одговори за иницијативата за изградба на ново училиште, за кое има предложено и локација.
Инаку, родителите известија дека од денеска учениците ќе ја бојкотираат наставата.
