Ифтар во центарот на Кичево – над 1000 ифтари се делат секоја вечер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Да подадеш рака на семејствата на кои им е тоа потребно е голема добрина. Така се вика и ифтарот во центарот на Кичево чија организација започна од првиот ден на месец Рамазан и ќе продолжи до самиот крај. Целта е да се подаде рака на сиромашните семејства за и тие да имаат богата трпеза за ифтар. Иницијативата ја започнаа група млади луѓе а потоа се прошири благодарение на бизнисмените од земјава и печалбарите кои секојпат се тука кога станува збор за Кичево.

„Беше душевно задоволство што не може да се опише за тоа колку овие семејства ја чекаа оваа активност. Да ви кажам право без воопшто да се мисли за тоа колку ќе чини оваа иницијатива, заедно со другарите рековме дека треба да направиме секоја вечер и ние го правиме тоа секоја вечер. Почнавме со 100, од ден на ден растеше бројот и стигнавме до над 1000 ифтари“, истакна Шкодран Алили.

Овие активисти овде доаѓаат секој ден и работат по 4 часа без престан за подготовка и сервирање на 1000 афтари кои се прават во центарот на овој град. Тие велат дека не се уморни туку исполнети од тоа што го прават.

„Ова е нешто хуманитарно, да им подадеш рака на тие на кои им треба во Кичево и оваа акција ќе продолжи до крајот на месец Рамазан“, вели активист.

„Се чувствуваме богати бидејќи во ова не се делат Турци, Албанци, сите работиме заедно, Турци, Албанци и Роми. Еден ден не дојдов и многу ми фалеше амбиентот“, додава активист.

„Како што може да се види овие активисти дојдени се доброволно и секој ден расте бројот на активисти. Со оваа акција започнавме од почетокот на Рамазан и ќе продолжиме до крајот на Рамазан“, посочува активист.

Зависно од барањата, ифтари се испраќаат и низ селата во земјава за сиромашните семејства. Вакви иницијативи за делење ифтари имало многу, но оваа ИФТАР КАЈ БЕРЗА е единствената која се одвива цел месец без прекин.