Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати поканата на ТВ21 за предизборно соочување со носителите од петтата изборна единица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Носителот на петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски не ја прифати поканата на ТВ21 за гостување во вечерашната предизборна емисија.

ТВ21 од вечерва започнува со реализирање на изборни дебати на кои можност да се претставаат ќе имаат носителите на изборните листи за пратеници, претставувајќи ја програмата на коалицијата од која доаѓаат.

Гости во дебатата вечерва се, Радмила Шеќеринска, Сурија Рашиди, Талат Џафери и Васфи Доку. Поканет беше и носителот на ВМРО-ДПМНЕ од петтата изборна единица, Игор Дурловски но тој не ја прифати нашата покана.

Дебатата започнува во 21.15 на програмата на ТВ21 со пренос на социјалните мрежи и веб страниците.

Sonte, #DEBAT për #NJZ5, 21:15 në TV21 Вечерва, #ДЕБАТА за #ИЕ5, 21:15 на #ТВ21

Gepostet von TV21 am Montag, 29. Juni 2020