Играчите на Јувентус се согласиле да се откажат од четири плати, за да го спасат клубот од кризата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалерите на Јувентус ќе му заштедат на својот тим цели 90 милиони евра, откако се согласија да немаат плати за неколку месеци, но да има зголемувања потоа доколку сезоната во Италија се доигра.

Играчите наводно се согласиле да се откажат од платите за март, април, мај и јуни оваа година.

„Фудбалскиот клуб Јувентус соопштува дека поради вонредната состојба со коронавирусот, постигна согласност со играчите и тренерите на првиот тим за платите.

Согланоста предвидува намалување на надоместокот еднаков на платите за март, април, мај и јуни. Во наредните недели ќе бидат финализирани договорите“, соопштуваат од Јувентус кој напомена дека доколку сезоната продолжи, во наредните месеци ќе добијат зголемување на платите.