Илегален паркинг зад поликлиниката „Бит Пазар“, граѓаните плаќаат, а не добиваат фискална сметка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илегалниот паркинг зад поликлиниката Бит Пазар продолжува да работи на црно, со што граѓаните се обврзани да плаќаат паркинг во државно зежјиште.

„Дај ми и фискална“.
„Кога ќе се вратите ќе ви дадам“.

Нема фискална сметка и со тоа парите наместо во државниот буџет, завршуваат кај приватници.
Од општина Чаир каде гравитира и оваа парцела вината ја префрлаат на Владата и на УЈП

„Другите околни парцели се во сопственост на државата. Врз основа на Законот за градежно земјиште, член 13 од овој закон се предвидува дека Владата на Република Северна Македонија управува со градежното земјиште во сопственост на државата, во име на Република Северна Македонија.“, велат од Општина Чаир.

За издавање фискални сметки, надлежноста за постапување е на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи.

Од УЈП за ТВ21 велат дека во оваа област се извршени контроли и се преземени натамошни постапки.

„Ве информираме дека согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања Управата за јавни приходи има извршени контроли на паркинзи кои се наоѓаат на подрачјето на Бит Пазар, по извршените контроли, преземени се понатамошни постапки а известени се и останатите надлежни институции за преземање на понатамошни дејства“, велат од УЈП.

За овој случај е отворен и предмет во Обвинителство но иако поминаа неколку месеци се уште нема никаков епилог.