Градинката „Фидани“ од почетокот на уписите не прима невакцинирани деца, а директорката Гезиме Бакиу вели дека од утре нема да се примаат оние кои не се ревакцинирани, а за тоа ги информирале и родителите. Вели дека има родители кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца. Во овој случај, тие мора да добијат мислење од комисија од специјалисти, но не и од матичниот лекар.
„Сега новите уписи мислам дека нема да сакаат да ги ревакцинираат децата, тогаш дефинитивно треба мислење од детската болница, да се покажат причините зошто детето не може да се вакцинира, добро не од матичниот докторот, туку директно од болница, од специјалисти“, порача Гезиме Бакиу.
Министерот за здравство, Илир Демири, упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, а во врска со тоа кои деца ќе бидат примени а кои не во градинките, Демири рече дека утре КЗБ ќе излезе со став.
„Ве молиме вакцинирајте ги децата, ова е главниот апел. Што се однесува до дилемите, дали е вакциниран со 3 дози или не е ревакциниран, дали да биде примен во градинка или не, правилата се строги, ќе ми дадете време, ќе побарам Комисијата за заразни болести да одржи состанок во текот на утрешниот ден и да имаме став кој ќе биде унифициран, а ќе се основа на советите од Комисијата за заразни болести, и ќе излеземе со официјално известување“, вели Илир Демири.
За разлика од другите градови, Скопје има најголем број на невакцинирани деца. Од друга страна има родители кои се соочуваат со проблеми поради раната ревакцинација, при пто поради здравствени или други причини не можат да направат ревакцинација на година и пол и се одложува.
